По денешните тренинзи за Гран При на Јапонија пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека неговиот болид е во многу подобра состојба на патеката „Сузука“ и очекува подобо издание отколку на „Сепанг“.
Во првата сесија Хамилтон беше втор зад Себастијан Фетел, а во втората беше најбрз и еден од петтемина пилоти кои успеаја да запишат време на дождливата патека.
И покрај тоа што тој не можеше да направи многу кругови, Хамилтон ја пофали неговата машина.
-Денот беше интересен, болидот се чувствуваше многу подобро отколку во Малезија. Мило ми е што барем првиот тренинг беше на сува патека. На вториот тренинг ми беше важно да видам како ќе се однесува болидот на дожд, бидејќи на мократа патека „Сепанг“ не беше најдобро. Сега повторно е во ред и на влажна патека, изјави Британецот.
Утре се квалификациите, а в недела во 7 часот по македонско време ќе стартува главната трка.