Хамилтон: „В09“ е подобар болид од минатогодишниот

Од:

Пилотот на Мерцедес и актуелен светски шампион, Луис Хамилтон зборуваше позитивно по првиот „подобар“ ден од предсезонските тестови во 2018 година, и откако го направи најбрзиот круг.

– Направив само 69 ​​круга, но дефинитивно можам да кажам дека болидот е подобар од минатата година, изјави четирикратниот шампион во Ф1.

Британецот го спореди „В09“ како постара сестра на автомобилот од 2017 година, бидејќи нема значителни разлики во возењето, но чувството е подобро. Тој додаде дека му треба повеќе балансирање, но изгледите се многу позитивни.

Запрашан дали веќе размислува за освојување на петтата светска титула, Луис одговори дека сега е целосно фокусиран на можностите на новиот автомобил.

Хамилтон, исто така, истакна дека се надева на поголема конкуренција во челото, бидејќи тогаш предизвикот е поголем.

– Дефинитивно кога битката е поблиска, чувството за победа е подобро, додаде Луис Хамилтон.

Четирикратниот светски шампион, исто така, нагласи дека би било добро за сите да се натпреваруваат на исто рамниште за да се види јасно кој е број еден.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур