Хамилтон трофејот од Шампионатот во Формула 1 му го посвети на Ники Лауда

Од:

Пилотот на тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека шампионскиот трофеј од првенството во Формула 1 му го посветува на легендарниот тркач Ники Лауда, кој почина оваа година.

Британецот на две трки пред крајот на сезоната и теоретски го обезбеди првото место и шестиот наслов светски првак во Ф1, откако синоќа на Гран-прито во САД го заврши на втората позиција.

– Оваа сезона е за Ники Лауда, мојот прекрасен пријател и ментор, кого го загубивме годинава. Тој докажа дека храброста и решеноста одат рамо до рамо. Ова е за тебе Ники. Јас ќе продолжам да те правам горд на мене, напиша Хамилтон на Твитер.

Ники Лауда почина во мај 2019 година. Имаше 70 години. Од 2012 година, тој работеше како неизвршен директор на Мерцедес. Тој три пати бил светски шампион, два пати како возач на Ферари, еднаш за Мекларен.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес