Најдобро време на првиот слободен тренинг на ГН на Италија оствари возачот на тимот на Мерцедес Луис Хамилтон.
Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул. На третата позиција е уште еден претставник на Мерцедес, Валтери Ботас.
Четвртото место му припадна на Ленс Строл (Астон Мартин).
Во првите десет се најдоа и Пјер Гасли од Алфа Таури, Себастијан Фетел од Астон Мартин, Карлос Сајнц од Ферари, Фернандо Алонсо од Алпин, Даниел Рикардо од Мекларен и Серхио Перез од Ред Бул.
Главната трка од Формула 1 шампионатот во Монца ќе се вози в недела со почеток во 15 часот.