Луис Хамилтон ги предупреди своите ривали во Формула 1 дека ќе ја гони седмата титула со сите сили, што ќе значи изедначување на рекордот на легендарниот Германец – Михаел Шумахер.
– Јас сум во одличен период од мојот живот. Можам да се концентрирам и да бидам физички подготвен уште многу сезони. Ќе бидам машина во следната. Ќе возам на повисоко ниво од кога било, пишува Британецот на Инстаграм, придружена од неговата фотографија од неговиот дом.
Хамилтон запиша 11 победи минатата година и има во просек 10 на сезона од почетокот на В6 турбо хибридната ера во 2014 година.