Хамилтон најбрз на последниот ден од тестовите во Барселона

Од:

Луис Хамилтон заврши на чело на последниот ден од првите предсезонски тестови на патеката „Каталуња“ во Шпанија. Пилотот на Мерцедес заврши пред Стофел Вандорн со Мекларен и Себастијан Фетел со Ферари, опремени со гуми „медиум“.

Пред тоа Вандорн беше на првата позиција и направи серија на силни обиколки со гуми „хиперсофт“, но кога Хамилтон „притисна гас“, пилотот на Мекларен се покажа принуден да го отстапи првото место.

Трети заврши Себастијан Фетел со Ферари, кој ја направи најсилната обиколка со „софт“ мешавината, а четврти беше Кевин Магнусен со Хас.

По 110 круга, Вандорн го отстапи своето место на колегата Фернандо Алонсо во последните часови на сесијата. Шпанецот додаде уште 51 круг и заврши во топ 5.

Па така конечно денес на патеката излегоа 15 од вкупно 20-те пилоти, бидејќи повеќето тимови ја распределија програмата меѓу двајцата пилоти. Причината за смените беше и времето, кое се подобри во споредба со вчерашниот ден. Температурите беа доста повисоки и тоа им овозможи на сите да го надоместат загубеното време поради студот во првите три дена од тестот.

Само Ред Бул не успеа да ги акумулира многу километри. Макс Верстапен го помина поголемиот дел од утрото во гаражата и го направи својот прв круг дури попладне. На крајот, тој забележа само 35 обиколки, главно направени со гуми „медиум“. Кога стави „софт“ варијанта, се изврте и влезе во чакал при дванаесеттиот завој. Автомобилот потоа се врати во гаражата на Ред Бул и не излезе до крајот.

Сега екипите и пилотите имаат четири дена пред да се вратат на пистата за вториот предсезонски тест кој започнува во вторник.

Резултати, „Каталуња“, предсезонски тестови, Ден 4:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.333 минути, 69 круга
2. Стофел Вандорн (Мекларен) 1: 19.854 минути, 110 круга
3. Себастијан Фетел (Ферари) 1: 20.241 минути, 120 круга
4. Кевин Магнусен (Хас) 1: 20.317 минути, 96 круга
5. Фернандо Алонсо (Мекларен) 1: 20.929 минути, 51 круга
6. Карлос Сајнц Џуниор (Рено) 1: 20.940 минути, 60 круга
7. Ленс Строл (Вилијамс) 1: 21.142 минути, 54 круга
8. Серхио Перез (Форс Индија) 1: 21.973 минути, 65 круга
9. Макс Верстапен (Ред Бул) 1: 22.058 минути, 35 круга
10. Пјер Гасли (Торо Росо) 1: 22.134 минути, 147 круга
11. Нико Хулкенберг (Рено) 1: 22.507 минути, 49 круга. вз
12. Валтера Ботас (Мерцедес) 1: 22.789 минути, 60 круга
13.Laurler (Sauber) 1: 22,808 минути, 59 круга
14. Маркус Ериксон (Саубер) 1: 23.825 минути, 79 круга
15. Сергеј Сирокин (Вилијамс) 1: 31.979 минути, 47 круга

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес