Луис Хамилтон верува дека Валтери Ботас „си го заслужил“ своето место во Мерцедес, откако победата му избега во последните кругови во Азербејџан. Многу пати било поставено прашањето дали Финецот е доволно соодветен за тимот, откако го замени Нико Розберг во 2017 година.
Валтери направи силен старт на сезоната 2018 и можеше да биде на чело во генералниот пласман пред трката во Шпанија, доколку не се случеше инцидентот со неговата задна гума во Баку. Неговиот клупски колега ја освои победата, а по трката прво отиде да се види со Ботас, пред да се качи на подиумот.
– Повеќе од било кога досега докажа дека го заслужи своето место тука. Мислам дека тимот треба да биде многу задоволен од тоа. Знам многу добро колку е тешко во такви денови, кога победата е во твои раце, но одеднаш ти ја одземаат – сум доживеал такви моменти, изјави Хамилтон.