Халеп се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос

Од:

Романската тенисерка Симона Халеп, која беше финалистка на Ролан Гарос во 2014 година, со пресврт во четвртфиналето успеа да ја совлада Елина Свитолина од Украина и со 2-1 во сетови да оствари победа за пласман во полуфиналето на Отвореното превнство на Франција.

Халеп го загуби првиот сет со 6:3 во гемови, а во вториот беше подобра со 7:6, односно 8:6 во тај брекот. Во решавачкиот сет Халеп, која е трета носителка, беше убедлива и победи со 6:0.

Нејзина противничка во полуфиналето ќе и биде втората носителка Каролина Плишкова од Чешка, која со 2-0 во сетови ја победи Каролине Гарсија од Франција со 7:6 (7:3) и 6:4 во гемови.

За Плишкова ова е најдобар пласман на Ролан Гарос, откако во претходните четири учества беше елинирана во првите две кола.

Во второто женско полуфинале ќе играат: Тимеа Бачински и Јелена Остапенко.

Од денешната програма Доминик Тим го победи Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови во машкото четвртфинале, а Рафаел Надал ќе му биде ривал во полуфиналето откако неговиот противник од четвртфиналето Пабло Буста му го предаде мечот при 1-0 во сетови за Надал.

Во тек се другите два машки четвртфинални дуели меѓу Енди Мареј и Кеи Нишикори и Стан Вавринка и Марин Чилиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ