Романската тенисерка Симона Халеп успеа да се пласира во финалето на женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос откако синоќа во второто полуфинале ја победи Каролина Плишкова од Чешка со 2-1 во сетови (6:4; 3:6 и 6:4 во гемови).
Таа во финалето на Ролан Гарос играше и во 2014 година.
Нејзината противничка Плишкова, која беше втора носителка, остана со финалето на УС Опен од 2016 година.
Халеп е рангирана како трета носителка и во финалето ќе игра против Јелена Остапенко од Летонија, која со 2-1 (7:6 (7:4); 3:6 и 6:3) ја победи Тимеа Башчински од Швајцарија.
Женското финале се игра во сабота, а денеска на програмата се машките полуфинални мечеви: Енди Мареј – Стан Вавринка и Рафаел Надал – Доминик Тием.