Гвардиола: За нас секој следен натпревар е финале

Од:

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во пресрет на утрешниот дуел со Њукасл, рече дека единствена опција за неговиот тим е победа и дека секој друг исход ќе значи крај на надежите за одбрана на трофејот во Премиер лигата.

– По традиција тешко играме против Њукасл, па очекувам неизвесен натпревар. Тие добро се бранат, но ние уште подобро напаѓаме. За нас единствен поволен резултат е победа. Се друго уште повеќе ќе не оддалечи од трофејот. Така ќе биде до крајот, иако има уште многу натпревари. Секој од нив за нас е своевидно финале, изјави Гвардиола.

Во Премиер лигата по 23 одиграни кола лидер е Ливерпул со 60 бода, четири повеќе од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ својот дуел од 24. коло против Њукасл ќе го имаат утревечер од 21 часот, додека Ливерпул в среда во истиот термин го пречекува Лестер.

Би можело да ве интересира

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он

Силва: Сето ова го заслужуваме, се однесуваме како деца!

А1он

Гвардиола: Манчестер Сити е мојот последен клуб во кариерата

А1он

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он