Гвардиола потврди, Феран Торес е блиску до трансфер во Барселона

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, потврди дека Барселона преговара за трансфер на напаѓачот на „граѓаните“, Феран Торес.

– Нема да купуваме напаѓач во јануари. Феран Торес и Барселона? Сè уште нема официјални информации. Знам дека преговорите се во тек и страните се блиску до договор, тоа е сè. Кога клубот ќе објави официјално, тогаш сè ќе биде познато, изјави Гвардиола, за „Manchester Evening News“.

Претходно беше објавено дека Феран Торес ќе се пресели во Барселона за 55 милиони евра.

Дваесет и едногодишниот Шпанец настапува за Манчестер сити од август 2020 година, а во сезоната 2021/22 постигна три гола и една асистенција на седум настапи за тимот.

Би можело да ве интересира

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он