Пеп Гвардиола освои две титули од Лигата на шампионите против Алекс Фергусон, менаџер кој стана симбол на „постојаност“ во еден клуб со неговото 27-годишно „владеење“ во Манчестер јунајтед.
Но, Каталонецот, пред утрешниот меч од осминафиналето на ЛШ против Спортинг Лисабон вели дека нема намера да стане Ферусон. Пеп ќе се обиде да стигне до нова титула од ЛШ со Манчестер сити, 11 години откако неговата Барселона го победи Манчестер јунајтед во 2011, повторувајќи го успехот од 2009. Тој веќе шест сезони е на „Етихад“ и неговиот договор завршува во 2023.
„Нема да бидам Сер Алекс Фергусон, не се грижете. Свесен сум дека некој ќе вели дека не сум успеал бидејќи немам титула од ЛШ со Сити. Сите менаџери на светот се критикувани кога немаат резултати. Не само јас“, вели Гвардиола со насмевка.
Во последните 20 меча во сите натпреварувања, Манчестер сити има 18 победи, 1 реми и 1 пораз (од Лајпциг во ЛШ во меч без значење).