Гвардиола најдобар тренер на 21. век, Флик во 2020 година

Од:

Објавени се добитниците на наградите во категориите „Најдобар тренер на годината“ и „Најдобар тренер на векот“ во изборот на „Globe Soccer Awards“.

Ханс-Дитер Флик, шеф стручниот штаб на Баерн Минхен, е прогласен за тренер на 2020 година. Тој ги победи Јирген Клоп од Ливерпул и Џанпјеро Гасперини од Аталанта.

Пеп Гвардиола, кој е предводник на Манчестер сити, ја доби номинацијата за најдобар тренер на векот за периодот (2001-2020). За наградата претендираа уште и: Зинедин Зидан (Реал Мадрид), Жозе Мурињо (Тотенхем) и Алекс Фергусон (поранешниот тренер на Манчестер јунајтед).

Гвардиола во перидот за кој ја доби наградата има работено и со Барселона и Баерн Минхен во текот на неговата кариера.

Би можело да ве интересира

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он