Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола, може да ја предводи репрезентацијата на Аргентина, пишуваат аргентинските медиуми.
Раководството на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) и некои бизнисмени од оваа земја би сакале Шпанецот да го предводи тимот на Светското првенство во 2022 година.
Во АФА веруваат дека Гвардиола може да воспостави односи со лидерот на тимот, Лионел Меси.
Се шпекулира дека на Гвардиола ќе му биде понудена плата од 12 милиони евра годишно.
На Светското првенство кое е во тек, Аргентина беше елиминирана во осминафиналето од Франција.
Во моментов селектор на „гаучосите“ е Хорхе Сампаоли, чиј договор може да биде прекинат по Американскиот куп во 2019 година.
Гвардиола има актуелен договор со Манчестер Сити до 2021 година.