Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман го критикуваше изборот на ФИФА која меѓу тројцата кандидати за најдобар играч на светот не номинираше ниту еден од француската репрезентација која го освои трофејот на Мундијалот оваа година.
ФИФА ги номинира Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.
– Заслужив да бидам меѓу кандидатите. Не ми е јасно како меѓу тројцата нема од националниот тим што стана шампион на планетата. Штета. Вистинско чудо, изјави францускиот репрезентативец.