Грција без Спанулис на Мундобаскетот во Шпанија

Од:

Репрезентацијата на Грција ослабена ќе настапи на претстојното Светско првенство во кошарка што ќе се игра во Шпанија (30. август – 14. септември).

Селекторот на Грција, Фоцис Кациракис, го објави списокот од 16 играчи на кои ќе смета за Мундобаскетот, а на него го нема првиот играч на Олимпијакос и на репрезентацијата Василис Спанулис, кој побара одмор по напорната сезона.

Покрај Спанулис ќе недостасуваат уште и Стратос Перпероглу и Софоклис Скорцанитис.
Грција се наоѓа во Б групата што ќе се игра во Севиља заедно со репрезентациите на Аргентина, Хрватска, Порторико, Сенегал и Филипини.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос