Градоначалникот Темелковски го поддржа одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот

Од:

Вчера, по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 – ти Ноември, во Кисела Вода се одигра Ревијален натпревар во женска одбојка.

Имено, женските екипи на Селекцијата на Градскиот одбојкарски сојуз „Сити Старс“ – Скопје и „Јанта Волеј“ од Кисела Вода играа во знак на поддршка на лицата со дијабетес и Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МK. Воедно, тие играа во дресови со син круг кој симболизира единството во борбата со дијабетесот во светот.

Во спортската сала „Независна Македонија“, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски натпреварот го проследи заедно со секретарот на Општината, Александар Алексовски и претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МK, Наташа Деспотовска Димитриевска. Настанот беше поддржан и од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Почина 15-годишна одбојкарка – се онесвести на загревање, а брзата помош не се ни појави

А1он

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on