Најдоброрангираниот македонските тенисер Димитар Грабул успеа да се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Кнок, Белгија откако во полуфиналето денеска го победи Скот Гриекспор од Холандија со 2:0 во сетови.
Нашиот тенисер во текот на мечот загуби само два гема и така на убедлив начин го постигна најдобриот резултат оваа година (прво финале), откако претходно четири пати беше четвртфиналист.
Првиот сет Грабул го доби со 6-0 во гемови, а на стартот на вториот доби уште два со што имаше низа од вкупно осум освоени гемови. По водството Грабул ја зачува предноста од два гема, а при резултат од 5-2 направи уште еден брејк за да го добие вториот сет со 6-2 во гемови.
Во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Даниел Масур (Германија) и Жерон Ванесте (Белгија).