Грабул државен првак во сингл и во двојки

Од:

Димитар Грабул е македонски државен првак во тенис откако денеска во финалето го победи Стефан Мицов со 2:0 во сетови 6:2 и 6:1.

Претходно Грабул ги победи Борјан Стефановски (1.коло), Давид Мицевски (2.коло), Дамјан Домазетовски (1/4 финале) и Горазд Србљак (1/2 финале). Единствено во полуфиналето Србљак успеа да му одземе сет на шампионот Грабул.

Во женското финале Катарина Маринковиќ ја победи Бистра Петреска со 6:1 и 7:5 во гемови. Ова за Маринковиќ е трета титула оваа сезона откако ги освои титулите и во конкуренција до 16 и до 18 години.

Во игра на двојки Предраг Русевски и Димитар Грабул ги победија Стефан Мицов и Дамјан Домазетовски со 2:1 во сетови (6:3 и 5:7 и 10:7 на поени во решавачкиот сет). Во вториот сет при резултат 5:4 во гемови за Русевски и Грабул, Мицов и Домазетовски спасија две меч топки.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров