Грабул бележи пад на АТП листата

Од:

Најдобро рангираниот македонски тенисер Димитар Грабул забележа пад на АТП листата од 79 позиции и сега со 48 поени се наоѓа на 606.место. Ова се должи на тоа што не успеа да ги одбрани поените освоени минатата година кога победи на фјучрсот во Де Хан.

Тој на следното рангирање повторно ќе има скок бидејќи поените (десет) од финалето на турнирот во Кнок ќе му бидат запишани следната недела, а лани во тој период не освои поени.

Томислав Јотовски со 34 поени има скок од 10 позиции и се наоѓа на 709.место.
Од другите македонски играчи: Шендрит Деари е на 1.289 место (5 поени); Стефан Мицов – 1.349 (4 поени) и Бесир Дургути – 1.519 (3 поени). Во конкуренција на двојки Јотовски е на 700.место, а Деари – 1.276.

На врвот на АТП листата во ТОП 10 нема промени: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, Стан Вавринка, Томаш Бердих, Милош Раониќ, Давид Ферер, Хуан Мартин Дел Потро, Григор Димитров и Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров