Гонзалез: Задоволен сум како играчите го одиграа натпреварот

Од:

Шампионот во СЕХА, Вардар вчера во дуелот со Веспрем на унгарскиот тим му го нанесоа првиот пораз сезонава во СЕХА лигата. Вардар победи со 28:21.

По дуелот тренерот на Вардар, Раул Гонзалез истакна дека е задоволен како играчите го одиграле натпреварот и од се што се случувало на теренот.

– Ние сме насочени кон Лигата на шампионите (сабота на гости со Висла). Добро е што сите играчи добија шанса да играат. Сега само ни останува да се подготвиме за дуелите со Висла, рече Гонзалез.

Тренерот на гостите, Карлос Перез Ортега честиташе за победата.

– Вардар играше многу подобро во текот на целиот натпревар. Ние имавме проблеми и во нападот и во одбраната, која не беше на ниво. Кога не сте на потребното ниво со еден добар противник се случува ова, изјави по дуелот Ортега.

Екипите на Веспрем и на Вардар како две првопласирани ќе бидат слободни во четвртфиналето од завршниот турнир, а ќе ги очекуваат ривалите во полуфиналето. Завршниот турнир ќе се одигра од 25 до 29 март во Веспрем. 

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он