Гомез ја однесе Германија на чекор до втората фаза

Од:

Со победата над Холандија од 2:0 Германија е речиси во четвртфиналето од ЕП 2012. Марио Гомез повторно беше херој на „панцирите“ постигнувајќи ги двата погодоци и нанесувајќи им го вториот пораз во низа на Холанѓаните, кои што со наведнати глави го напуштија теренот, свесни дека се наоѓаат на прагот на елиминација од шампионатот на кој што важеа за големи фаворити.

Германија покажа многу подобра игра речиси во текот на целиот натпревар, а Гомез беше играчот на одлука за Германците. Тој постигна прекрасни два гола за да ја доведе во водство својата репрезентација од 2:0, за подоцна Холандија да намали преку Робин Ван Перси.

Но, иако во негатива, Холанѓаните не успеваа да наметнат посилна иницијатива дури до петнаесетина минути до крајот, иако Германија и понатаму создаваше шанси пред голот на противникот.

До крајот, Холанѓаните очајнички напаѓаа, но ќе мораат да бркаат победа против Португалија во следниот меч и да се надеваат на добра среќа.

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска