Golf 7 – „Европски Автомобил на годината за 2013“

Од:

Новиот Golf 7 се закити со престижната титула „Европски автомобил на годината за 2013“, откако освои најмногу гласови од жирито составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји, еден ден пред отворањето на Автомобилскиот саем во Женева. На 50-тото издание на реномираната европска манифестација во која секоја година се наградуваат најдобрите нови автомобили- „Европски Автомобил на годината за 2013“, Golf 7 извојува убедлива победа со вкупно 414 поени доделени од стручното жири, и е единствениот модел кој по втор пат ја добива оваа врвна награда.

Високата функционалност, елегантниот дизајн, импресивната безбедност, технолошките иновации, економичноста и извонредната удобност беа карактеристиките на Golf 7 кои ги освоија симпатиите на стручното жири и придонесоа оваа  врвна награда да му припадне токму на овој модел. Од номинираните 8 финалисти кои беа тестирани, споредувани и евалуирани во последните неколку месеци, Golf 7 од жирито доби вкупно 414 поени, второто место го завземаа Toyota GT86/Subaru BRZ со речиси двојно помлку поени – 202 , а на третото место е Volvo V40 со 189 поени.

“Особено сме горди што  најновата верзија на Volkswagen – Golf 7, го доби ова престижно признание . Наградата „Европски Автомобил на годината за 2013“ е одлично надополнување на листата на награди кои веќе ги добивме. Се надеваме дека Golf ќе ја продолжи својата успешна приказна – изјави проф.др. Мартин Винтеркорн, претседател на Управниот одбор на Volkswagen групацијата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска