Синоќа во Мадрид играа двата најголеми кандидати за титулата во Евролигата, Реал и ЦСКА.
Во многу интересен натпревар и до крај неизвесен, домашниот тим победи со 95:85.
На полувремето Реал Мадрид замина со 50:46. А динамичниот натпревар продолжи и во вториот дел, како што беше и во првиот. На крајот домаќините заслужено победија.
Најдобар во тимот на Реал беа Љуљ со 24 и Мацилиус со 20 поени додека Ајон и Рендолф постигнаа 14.
Кај ЦСКА најдобар беше Де Коло со 18 додека Теодосиќ постигна 13 поени.
ЦСКА е првопласиран тим со резултат од 12 победи и 4 порази додека Реал е на второ место со 11-5.