Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали

Од:

Македонските сноубордери ја заокружија натпреварувачката сезона со голем меѓународен успех. Два златни медали во ФИС натпреварувањата во сениорска конкуренција освои Иван Георгиев, а Карло Дерибан освои еден сребрен и три бронзени медали. Во истата категорија Ведран Лауренчиќ освои еден сребрен и еден бронзен медал, а Марко Петровски се закити со еден бронзен медал. За македонските сноубордери кои се дел од Скијачката федерација на Македонија, ова беше една од најуспешните сезони, а натпреварувачите успаа да ја остварат и репрезентативната норма за следната натпреварувачка сезона.

Во женска категорија нашите спортистки остварија солидни резултати. Неда Добреска освои бронзен медал, а Ева Башоска се пласираше на четврто место на ФИС натпреварот во сениорска конкуренција. Одлични настапи имаше и Бојан Скендеровски, освојувајќи четврто место во три наврати на ФИС натпревари во сениорска конкуренција.

„Иако се работи за индивидуален спорт, одличната тимска атмосфера беше клучна за беспрекорното функционирање на репрезентативниот тим и добриот перформанс на сите настапи. И покрај тоа што станува збор за млади спортисти, нашите натпреварувачи на скоро секој натпревар на кој настапија сезонава се најдоа на подиум, освојувајќи медали во сениорска конкуренција. Тоа е дополнителен мотив да работиме и да ги зајакнеме нашите капацитети, бидејќи овие спортисти имаат голем потенцијал за натамошен развој. Овој наш успех ќе беше невозможен без поддршката од Скијачката федерација и другите партнери“, истакна Кирил Насков тренер во Скијачката федерација на Македонија.

Најголемиот дел од натпреварувачите се ученици во средното училиште „Орце Николов“ од Скопје.

Спортистите кои беа дел од овие ФИС натпревари се членови на сноуборд клубот Полар. Клубот работи на спортска едукација на деца и младинци од 1996 година. Со своите активности клубот Полар дава голем придонес во развојот на зимските спортови, особено на сноубордингот. Од основањето до денеска во клубот членувале и биле дел од неговите активности над 4.500 деца и младинци.

Иако сезоната е веќе завршена, македонските сноубордери ќе ги продолжат своите натпревари со настап на државното првенство во Маврово, а ќе бидат дел и од фристајл тренинг кампот во Лаакс, Швајцарија кој располага со еден од најдобрите сноупаркови во светот.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2023

Ана Ололовска

Трагедија на Швајцарските Алпи – во лавина загинаа поранешна шампионка во сноубординг и нејзиниот водич

Жарко Настоски

Холанѓанката Ментел-Спе освои злато во сноуборд по дијагноза на рак, 48 зрачења и операции

Наум Локоски

Попова Шапка домаќин на натпреварувачите во сноуборд

Ана Ололовска