Голем пресврт на аферата што го потресе европскиот фудбал: Пол Погба се враќа во март

Од:

Познатиот француски фудбалер Пол Погба веќе во март ќе му се врати на фудбалот бидејќи четиригодишната суспензија поради допинг скандалот му беше намалена на само 18 месеци.

Французинот падна на рутинска допинг-контрола по победата на Јувентус од 3:0 над Удинезе на крајот на август минатата година, кога тестот на крвта откри присуство на DHEA во неговото тело, која е супстанца забранета во италијанската Серија А.

Погба за тоа ја доби максималната можна казна, а тоа е суспензија од четири години. Сепак, тој се жалеше и тоа беше прифатено.

Како што пренесува ексклузивно британски Дејли Мејл, жалбата на Погба вродила со плод и денеска добил одлука дека може да се врати на терените веќе во март следната година.

На Погба од јануари му е дозволено да тренира со својот тим од Јувентус, па два месеци би се подготвувал да се врати на терените заедно со соиграчите. Со оглед на тоа што неговиот договор со Јувентус се уште трае до летото 2026 година, тој ќе има година и пол да игра за Старата дама за да се обиде да се врати во својата препознатлива форма.

Во текот на кариерата ги носеше само дресовите на Манчестер Јунајтед и Јувентус, а двапати играше и за двата клуба. Со француската репрезентација стана светски шампион и беше клучен играч на Светското првенство во Русија 2018 година.

Би можело да ве интересира

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

ФИФА воведува трет преоден рок

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Судија му се закани на играч со смрт – УЕФА веднаш му го одзеде мечот од Лигата на шампионите

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ