Само во првите неколку часа од стапувањето во сила на субвенциите за купување електрични автомобили во Австрија, до надлежните служби веќе се поднесени 240 барања.
Во Австрија од среда се даваат субвенции во висина до 4.000 евра за купување електрични автомобили.
-Во 147 австриски општини веќе се поднесени 240 барања за субвенции, изјави министерот за земјоделие и заштита на животната средина, Андре Рупрехтер.
Австрија, според последните податоци, има околу 10.000 регистрирани електрични автомобили.
Овие автомобили ќе бидат „повидливи“,бидејќи од 1 април ќе добиваат зелени регистерски таблички.
Најголемиот возен парк од електрични возила го има Австриската пошта, со дури 1.300 вакви возила.
Со новата субвенција, австриската Влада сака да ги поттикне граѓаните да преминат кон електрични авутомобили, со цел да се постигне намалување на загадувањето.