Голем интерес за натпреварот „Работнички“ – „Фенербахче“

Од:

Продадени се половина од билетите за спектакуларниот кошаркарски натпревар „Работнички“ – „Фенербахче“. Утакмицата е во рамките на одбележувањето на 70 годишнината од основањето на нашиот најтрофеен клуб „ Работнички“.

Ревијалниот натпревар со европскиот вицешампион и турскиот шампион „Фенербахче“, ќе се одигра на 30. септември (петок), во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 19.00 часот.

Билетите кои чинат 200 енари може да се купат на сите продажни места на мрежата на мктикетс, односно сите Нептун маркети, Цвеќара Розе Веро2, Југотон, билетарата на Универзалната сала како и билетарата на „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ