Голден Стејт поведе со 2-0 во Хјустон, Милвоки овој пат убедливо Бостон

Од:

Голден Стејт Вориорс ги победи Хјустон Рокетс со 115:109 и поведе со 2-0 во полуфиналната серија на Западната конференција на НБА.

„Воините“ доминираа во нивната сала во Оукленд и освоија вреден втор успех.

Кевин Дурант со 29 поени беше најуспешен, Клеј Томпсон постигна 21, а Стеф Кари додаде 20 за НБА шампионите.

Минатата година, двата тима се состанаа во финалето на Западната конференција, а Голден Стејт победи во седум натпревари.

Милвоки Бакс пак ја изедначи серијата на Истокот против Бостон Селтикс (1:1) по освојувањето на вториот меч со 123:102.

Најкорисен за „елените“ беше Јенис Адедокумбо со 29 поени, 10 скока и 4 асистенции. 28 поени за победниците постигна Крис Мидлтон.

Маркус Морис беше најефикасен со 17 поени за Бостон.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он