Голден Стејт го игнорира барањето на властите во Сан Франциско за откажување на натпреварите

Од:

Екипата на Голден Стејт вориорс продолжи да биде домаќин на натпревари од НБА лигата во „Чејс Центар“ и покрај барањето на градските власти во Сан Франциско да ги откаже натпреварите поради појава на коронавирус, објавија тамошните локални медиуми.

Во петокот, градот Сан Франциско издаде серија препораки, од кои едната се однесуваше за откажување на спортски настани, како дел од борбата против вирусот. Според изворите, „Воините“ не ги зеле предвид предлозите на властите.

„Лично разговарав со шефот на „Воините“, Рик Велтс. Изразив желба да го сторат тоа доброволно пред да го сториме тоа во наредните денови со задолжителна итна наредба. Ова е прашање на време. Се надевам дека тие самите ќе дојдат до овој заклучок пред да ги присилиме да го сторат тоа“, изјави Арон Пескин, член на Окружниот совет во Сан Франциско.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он