Актуелниот лидер во генералниот пласман во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе тргне од првата стартна позиција во трката за Големата награда (ГН) на Штаерска, додека покрај него во првиот ред на патеката во Шпилберг ќе биде светскиот првак Луис Хамилтон (Мерцедес).
Верстапен дојде до својата шеста „пол – позиција“, откако во денешните квалификации беше за 195 илјадинки побрз од Финецот Валтери Ботас (Мерцедес), а 226 илјадинки од Хамилтон.
Ботас, сепак, ќе стартува од третиот ред, откако беше казнет поради „потенцијално опасно возење во боксот‘ за време на петочниот тренинг.
Од вториот ред ќе тргнат Британецот Ландро Норис (Мекларен) и Мексиканецот Серхио Перез, додека покрај Ботас во третиот ред ќе биде Пјер Гасли (Алфа Таури).
Трката за ГН на Штаерска се вози утре со почеток од 15 часот.