Ѓорѓиоски во работната група на ФИФА која ќе одлучува за домаќин на СП 2026

Од:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски е избран во работната група на ФИФА, за оценување на кандидатурите околу изборот на домаќин за Светското првенство 2026 година.

Првиот човек на ФФМ ќе учествува во работната група за Мундијалот 2026, како член на Комитетот за организација на натпреварувањата под капата на ФИФА.

Ѓорѓиоски во работната група ќе биде заедно со замениците генерални-секретари на ФИФА, Звонимир Бобан (фудбал) и Марко Вилигер (администрација).

Согласно правилникот за одредување на домаќини за Мундијалот, Советот на ФИФА во работната група ги избра и претседателите на Комисијата за ревизија и усогласување, Томаш Весел и Комисијата за управување, Микул Мудигал.

Според правилникот за избор на големи натпреварувања, работната група за евалуација, ќе го даде финалното мислење околу кандидатурите за Мундијалот, пред потоа и официјално да биде избран домаќинот.

Досега меѓу земјите кои пројавија интерес за организација на СП 2026 се САД, Канада и Мексико со заедничка кандидатура, како и Мароко. Како што е познато, Светското првенство следната година ќе се одржи во Русија, а во 2022 година домаќин ќе биде Катар.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи