Ѓоргиев: Имаме срце како планина, заслужуваме осминафинале

Од:

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев, беше еуфоричен после победата над Словенците, и го истакна големото срце на тимот, како главен фактор за триумфот.

-Видовте ли како ги победивме среде Словенија? Во 2014 година двапати им водевме 2-1, а губевме 2-3, сега сè се врати. Имаме срце како планина. Местото ни е меѓу најдобрите 16 во Европа. Немаше слаб играч, играме сите, се бориме до крај, изјави капитенот.

Осминафиналето е на дофат, утре после мечот Турција – Финска ќе се знае дали македонскиот тим ќе патува во Нант каде се игра нокаут фазата.

-Ние не сме добра, туку луда екипа. Во сите елементи ја надигравме Словенија. Не нè потценија, си ги совладавме чесно. Грев ќе биде ако не одиме понатаму, рече Деспотовски.

Селекторот Никола Матијашевиќ го истакна добриот блок на нашите одбојкари, и додаде дека тоа е доказ за борбеноста на тимот. Тој си посака осминафинале во Нант против домашната Франција, земјата во која долги години работи во клупската одбојка.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ