Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа без загубен сет се пласира во финалето на фјучрсот во турскиот град Тарсус.
Македонката денеска во полуфиналето ја победи Нора Нидмерс од Германија со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.
Ова за Ѓорческа ќе биде четврто финале во сингл во 2015 година.
Противничка на македонската тенисерка во утрешното финале ќе биде Ленка Виенерова од Словачка, која со 2-0 во полуфиналето ја победи Каролине Ромео од Франција.
Ѓорческа во моментов во финалето во двојки со нејзината партнерка Мелис Сезер, како први носителки играат против Германките Нидмерс и Весел.