Македонската тенисерка Лина Ѓорческа попладнево заедно со Елисавета Јанчук од Украина ќе играат во финалето во двојки на фјучрс турнирот во Палиќ, Србија. Нивни противнички ќе им бидат Романките Ирина Марија Бара и Камелија Елена Христеа.
Годинава ова ќе биде четврто финале за Ѓорческа во двојки, има две победи на турнири во Прокупље и еден пораз во Ниш. Нашата тенисерка мечевите во поединечна конкуренција ги заврши вчера со пораз во 2.коло.
Денеска активни ќе бидат и Димитар Грабул и Томислав Јотовски, кои на фјучрс турнирите ќе играат мечеви од четвртфиналето. Грабул во Хеист, Белгија за противник го има домашниот играч Јонас Меркс, додека Јотовски во Ваљево, Србија ќе игра против Давиде Мелкире од Италија.