Ѓорческа во борба за влез во полуфинале

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе има потенцијални три меча на фјучрс турнирот во Арад, Романија.

Најпрвин во поединечна конкуренција во рамки на четвртфиналето ќе игра со романската тенисерка Симона Јонеску. Во моментов Јонеску се наоѓа на 1.168 место, а Ѓорческа важи за фаворитка бидејќи е втора носителка на турнирот.

Потоа ќе треба да го доигра полуфиналето во двојки каде заедно со Камелија Елена Христеа (Романија) водат со 1:0 во сетови (6:4) и 5:5 во вториот сет против чешко-романската комбинација Сандра Хонгова и Симона Јонески. Овој меч беше прекинат вчера.

Со победа попладнето ќе го играат и финалето каде веќе пласман имаат обезбедено првите носителки Романките Ирина Марија Бара и Диана Буезан.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров