Ѓорческа уште еднаш со најдобар рејтинг на ВТА листата

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа повторно го подобри својот рејтинг на ВТА. На најновата ранг листа објавена денеска, Ѓорческа и во сингл и во двојки направи нов скок.

Во поединечна конкуренција Македонката има 102 поени и се наоѓа на 351 место што подобро за три позиции во однос на претходното рангирање.

Прогрес од дури 22 позиции Ѓорческа бележи во конкуренција на двојки. Таа со 225 поени се наоѓа на 255 место.

Кај мажите, од македонските тенисери меѓу првите 1.000 се Томислав Јотовски (542.место) и Димитар Грабул (740), а за првпат на АТП листата се запиша Бојан Јанкуловски кој со два поени се наоѓа на 1.563-та позиција.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров