Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната најнова ВТА ранг листа го бележи својот најдобар пласман во кариерата. Таа е рангирана на 384 место со 87 поени.
Новиот скок Ѓорческа го забележа благодарение на првото финале кое пред една недела го играше на фјучрсот во Хрватска.
Ѓорческа во игра на двојки има пад од едно место во однос на претходната ранг листа и сега се наоѓа на 339 место.
Покрај Ѓорческа на ВТА листата пласман има уште една македонска тенисерка. Магдалена Стоилковска е на 1.218 место во поединечна конкуренција, а во двојки е на 951 место.