Ѓорческа со најдобар ранг во кариерата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на последната промена на ВТА листата со скок од 21. место го бележи најдобриот ранг во својата кариера во сингл конкуренција. Таа сега се наоѓа на 420. место со 83 поени.

Напредокот на Македонката од 21 место се должи на пласманот во финалето на фјучрсот во Прокупље (минатата недела), каде освои 7 поени.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа се наоѓа на 430. место.

Што се однесува до врвот на ВТА листата нема промени во ТОП 10 и редоследот е следен: Серена Вилијамс, На Ли, Симона Халеп, Петра Квитова, Агнешка Радванска, Марија Шарапова, Ежени Бушар, Анжелик Кербер, Јелена Јанковиќ и Викторија Азаренка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров