Ѓорческа се пласира во главниот турнир на фјучрсот во Добрич

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во главниот турнир на фјучрсот во Добрич, Бугарија (награден фонд 25.000 долари).

Таа денеска ја победи Каролин Даниелс од Германија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), а вчера во првиот меч од квалификациите беше подобра од Габриела Дука од Романија (6:0 и 6:2). Во денешниот меч двете тенисерки има проблем со сервисот, па така од 19 одиграни гема имаше 14 брејка, а скорот беше 8:6 за Ѓорческа.

Со оваа победа Ѓорческа ќе освои еден поен, а секако ова е само продолжување на добрите игри од фјучрсот во Софија каде беше четвртфиналистка, а победи во игра на двојки.

За очекување е нашата тенисерка и на овој фјучрс да настапи во двојки.
Инаку, на новата ВТА ранг листа објавена денес Ѓорческа има пад од шест места и се наоѓа на 432.место додека во двојки е рангирана како 411.та.

Но, на следното рангирање ќе и бидат впишани бодовите од турнирот во Софија кога ќе треба да направи скок, аможно е да ја мине и границата од 400-то место и да има најдобар ранг во кариерата во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров