Ѓорческа се пласира во четвртфиналето во двојки во Шарм Ел Шеик

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по успешниот настап претходната недела и триумфот во двојки на фјучрс турнирот во египетското туристичко место Шарм Ел Шеик, денеска на новиот фјучрс успеа да избори пласман во четвртфиналето.

Во двојка со Јулија Терзиска од Бугарија (втори носителки) се пласираа во следната рунда откако нивните противнички Алина Михеева (Русија) и Бренда Нјуки (Шведска) го предадоа мечот при резултат од 3:1 во првиот сет за Ѓорческа и Терзиска.

Во поединечна конкуренција Ѓорческа е рангирана како трета носителка и утре во меч од 1.коло ќе игра со 18-годишната белгиска тенисерка Морган Михелс.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров