Ѓорческа првпат под 400. место на ВТА листата

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го бележи најдобриот пласман во кариерата. Таа на најновата ВТА листа објавена денеска за првпат се најде под 400. место. Со 88 поени и скок од 25 позиции Ѓорческа се најде на 393. место.

Прв пласман на ВТА листата оствари и Магдалена Стоилковска, која со 3 поени е 1.268 место.

На врвот на листата со најдобри светски тенисерки е Серена Вилијамс (САД) пред Русинката Марија Шарапова, Симона Халеп (Романија), Петра Квитова (Чешка), На Ли (Кина),…

Кај мажите и натаму Томислав Јотовски со 57 бодови и 565. позиција го има најдобриот рејтинг од македонските тенисери.

Димитар Грабул со 42 поена е рангиран на 637.место.

Шендрит Деари е на 1.232. позиција, Стефан Мицов се наоѓа на 1.295. место, а Бесир Дургути е на 1.308. место.

На врвот на АТП листата е Новак Ѓоковиќ пред Рафаел Надал, Рожер Федерер, Станислав Вавринка и Давид Ферер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров