Ѓорческа прва носителка на фјучрсот во Тарсус

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа како прва носителка ќе настапува на фјучрс турнирот во турскиот град Тарсус. Таа и во двете конкуренции е рангирана како број 1.

Денеска во првото коло во поединечна конкуренција ќе игра против квалификантката Ирем Соилу од Турција, додека во игра на двојки настапува со Мелис Сезер истотака од Турција.

Инаку, Ѓорческа на најновата ВТА ранг листа објавена вчера забележа скок и најдобар пласман во двојки и со 160 поени се наоѓа на 329 место, а напредок ќе има и следната недела откако ќе и бидат запишани и поените од победата во Галаци, Романија.

Во поеднечна конкуренција најдобрата македонска тенисерка е на 398 место со 80 поени.

Од нашите тенисери оваа недела настап ќе имаат Шендрит Деари на фјучрсот во Бургас каде ќе игра против Љубомир Челебиќ од Црна Гора (6.носител). На фјучрсот во Ваљево ќе настапат Бојан Јанкуловски ќе игра против Матеј Шабанов (Хрватска, 6.носител) и Бесир Дургути ќе игра против Так Кан Венг од Франција.

Јанкуловски успешно ги мина квалификациите и во третото коло го победи Дургути со 6:2 и 6:1. Дургути како „среќен губитник“ влезе на главниот турнир.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров