Ѓорческа продолжи со победите на фјучрс турнирите во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжи со успешните настапи на фјучрс турнирите во Анталија.

На турнир што почна вчера, таа денеска во меч од 1. коло ја победи Германката Алина Весел со 2:0 во сетови.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката од Украина 26-годишната Алона Фомина, со која има еден триумф во двојки на фјучрс во Анталија пред три години.

Ѓорческа вчера заедно со Ива Приморац со која победија на претходниот фјучрс стартуваа со триумф во конкуренција на двојки. Тие беа подобри од Џиахуан Хе од Кина и Акихо Какуја од Јапонија со 2:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров