Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото коло од квалификациите на Вимблдон. Таа е поразена од првата носителка во квалификациите Александра Круниќ од Србија со 2-0 во сетови. Двата сета српската тенисерка ги доби со 6:4 во гемови.

Поголемото искуство на Круниќ на големите турнири беше еден од решавачките фактори за нејзиниот триумф против Ѓорческа, која го имаше своето деби на Вимблдон и воопшто прв меч на тревната подлога.

Ѓорческа попладнево треба да игра и во меч од квалификациите од првото коло заедно со Полина Монова од Русија против американките Ешли Вајнхолд и Кејтин Ворски.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Истанбул

Наум Локоски

Ѓорческа поразена во второто коло во Подгорица

Наум Локоски

Јотовски напредуваше три места, Ѓорческа падна за две

Наум Локоски

Јотовски напредуваши три места, а Ѓорческа со нов пад за две места

Наум Локоски

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

Наум Локоски