Ѓорческа победи во сингл, Стоилковска во двојки

Од:

Македонските тенисерки денеска имаа половичен успех на мечевите во сингл и во двојки. Лина Ѓорческа победи во сингл , а загуби во двојки, додека магдалена Стоилковска загуби во сингл, а победи во двојки.

На турнирот во Варна, Ѓорческа во 1.коло ја совлада Јулија Терзијска со 7:5 и 6:4 во гемови. Во двојки со Олга Дорошина од Украина беа први носителки и загубија од Јонеску (Романија), Перпер (Молдавија) со 7:6 (8:6) и 6:3.

Магдалена Стоилковска на турнирот во Бол, во сингл во 2.коло загуби од третата носителка Тена Лукас од Хрватска со 6:4 и 6:0, а потоа во двојки во четвртфиналето ги победија Каминкова и Роханова од Чешка со 6:4 во двата сета и утре ќе игра во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров