Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓрческа заедно со Катарина Адамовиќ од Србија победија на фјучрсот во Темишвар, Романија.
Тие во денешното финале ги победија романските тенисерки (4.носителки) Ралука Елена Платон и Кристина Мадлина Станку со 2-0 во сетови 6:2 и 7:5.
Ѓорческа оваа година во петтото финале во двојки ја оствари и четвртата победа. Претходно двапати славеше на турнирите во Прокупље и по еднаш во Палиќ и Темишвар.
За Македонката ова беше 14.та титула на турнирите во игра на двојки.
Следната недела Ѓорческа повторно ќе настапува на фјучрс во Романија. Таа на турнирот во Арад ќе биде прва носителка.