Ѓорческа победи во двојки на фјучрсот во Палиќ

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Украинката Елизавета Јанчук триумфираа во двојки на фјучрс турнирот во Палиќ, Србија.

Ѓорческа и Јанчук во финалето ги победија тенисерките од Романија, Ирина Марија Бара и Камелија Елена Христеа со 6:4 и 6:1 во сетови.

Неизвесноста во мечот беше само во првиот сет кога Романките имаа водство од 4:3 во гемови. До крајот Ѓорческа и Јанчук освоија вкупно девет гемови, а загубија само еден.

Ова за македонската тенисерка беше трета титула освоена во двојки оваа година во четвртото финале или вкупно 13. освоен фјучрс турнир во игра во двојки во нејзината кариера.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров