Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го претрпе и вториот пораз. По загубениот меч во поединечна конкуренција во четвртфиналето од Романката Диана Бузеан со 2:1 во сетови, нашата тенисерка загуби и во полуфиналето во двојки.
Таа и Ленка Виенерова од Словачка беа рангирани како први носителки, но загубија од Башак Ерајдин (Турција) и Верена Мелис (Италија). Првиот сет со 7:6 во гемови го освоија Ерајдин – Мелис, а во вториот сет беше 6:4 во гемови за Ѓорческа и Виенерова. Решавачкиот сет со 10:7 во поени им припадна на Ерајдин – Мелис.
Ѓорческа е пријавена за настап и на следниот фјучрс во Анталија.