Ѓорческа обезбеди полуфинале во Прокупље

Од:

Лина Ѓорческа најдобрата македонска тенисерка обезбеди пласман во полуфиналето на фјучрс-турнирот во Прокупље.

Ѓорческа меѓу четирите најдобри на овој турнир кој се игра за награден фонд од 10.000 американски долари, се пласира со победата над Ленка Винерова од Словачка.

Таа ги доби двата сета убедливо, препуштајќи и на противничката по два гема со секој сет (6:2 и 6:2).

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против четвртата носителка на турнирот, Габриела Пантуцкова од Чешка која е 621-место на ВТА листата.

Ѓорческа со својата партнерка Александра Нанкаров од Австралика ќе игра и во финале во двојки, каде за противнички ќе ги имаат Украинките Фридман и Ианчук.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров